Киев влегува во нови немири. Повторно судири и тепачки

Околу 2.000 поддржувачи на поранешниот претседател на Грузија, во моментов украински опозиционер, Михаил Сакашвили повторно излегоа на улиците во Киев и повикаа на импичмент на претседателот на Украина, Петар Порошенко.

На протестот се појави и самиот Сакашвили кој рече дека нема да прави никакви договори со Порошенко и дека со него ќе разговара единствено за неговата оставка.

Поранешниот претседател на Грузија ги повика приврзаниците да влезат во Меѓународниот центар за култура и уметност.

Припадниците на полицијата го блокираа влезот, по што избија нереди со демонстрантите.

Тие ја разбија влезната врата, а полицијата употреби солзавец и противпожарни апарати за да ги одврати назад, но тоа не ги спречи демонстрантите да влезат во зградата.

Повеќе од 30 полицајци и неколку демонстранти се повредени за време на инцидентот, соопшти украинското МВР.

„Раша тудеј" наведува дека демонстрантите набрзо ја напиштиле зградата, по што Сакашвили им наредил да се вратат на Плоштадот на независноста.

Тој изјавил дека во Центарот за култура во тој момент се одржувал концерт и не сакал да бидат повредени недолжни луѓе.

Шефот на полицијата потврдил дека во моментот се одржувал концерт за деца.

Полицијата покрена истрага против оние кои упаднаа во Центарот, а неколкумина украински функционери го окарактеризираа упадот како „терористички напад".

Поврзани

Најнови вести

Коментари