За краток период ќе има нов технолошки бум

Кажете им збогум на мобилните телефони, еве што ќе ги замени

Смарт телефоните кои се во секојдневна употреба за само неколку години ќе бидат заменети со други уреди ,апокажува истражувањето на јавното мислење, пренесуваат австриските медиуми

Потрошувачите очекуваат дека паметните телефони наскоро, попрецизно за 4 години, ќе исчезнат, покажува истражувањето кое го спровел Ericsson.

Ерата на паметните телефони би можеле да биде окончана за четири години, а претпоставка е дека ќе доминираат други електронски уреди.

Ericsson поаѓа од тоа дека паметните телефони ќе ги заменат уреди кои луѓето ќе ги носат на себе и кои ќе располагаат со „вештачка интелигенција".

Се поаѓа од тоа дека тоа ќе бидат уреди кои делумно ќе помогнат да се заменат наставниците, лекарите, финансиските советници и слично, а нема како сега паметните телефони, да се користат само за пребарување на интернетот.

-Паметниот телефон во рака не е баш практичен,еве ако се земе за пример додека трае возењето, но и во многу други ситуации. Поради тоа секој втор потрошувач смета дека паметните телефони за четири години ќе му припаѓаат на минатото", Ребека Кедеринг Ангстрем ги резимирала резултатите од истражувањето кое го спровела компанијата „Ериксон".

Четири години е краток период, но како истакнува, работите денес побрзо се менуваат и побрзо од порано се реализира од идеја до масовна продукција.

Ericsson не знае како технологијата ќе изгледа по паметните телефони, но претпоставува дека ќе станува збор за тродимензионлна примена.

-Потрошувачите, на пример, би можеле новите чевли да ги пробаат виртуелно, да видат како им стојат", навела Кедеринг Ангстрем.

Таа признала и дека многу од тие трендови сега делуваат футуристички, но и дека желбата на потрошувачите за нови интерактивни парадигми е огромна.

Ericsson очекува дека во блиска иднина ќе се појават нови категории на производи и дека целата индустрија ќе се трансформира за да му се прилагоди на тој развој.

Поврзани

Најнови вести

Коментари