Нема крај, пронајдена нова дрога

Карфентанил - едно зрнце од оваа дрога убива човек!

При навидум рутинска акција на мал пожар во куќа во мирниот дел од Торонта пожарникарите ги доќеакло нешто неочекувано: килограми мистериозен прав во подрумот.

Набргу потоа, откако и полицијата пристигна во куќата во Пикеринг, во близина на Торонто запленила 33 пиштоли и 53 килограми неидентификуван бело-жолт прав. Анализите  кои направиле откриле шокантен резултат. Од 53 запленети килограми, 42 килограми бил карфентанил, опиоат опишан од страна на американската администрација за лекови како "ужасно опасен" - го имало толку многу што можел да послужи како хемиско оружје.

Карфентанил е синтетичка дрога развиена во седумдесеттите години, како средство за смирување на големи животни како слонови и мечки. Се верува дека руските специјални сили го искористиле во обид да ги спасат заложниците од московскиот театар во 2002 година, со катастрофални последици, пишува "Гардијан". Сепак, пошироката јавност дозна за тоа дури минатата година, по предупредувањето од властите во Северна Америка дека дилерите го мешаат карфентанилот со хероин и други дроги, што доведува до ќести смртни случаи.

- Само едно зрнце со големина на песок може да ве убие. Карфентанилот е околу 100 пати повеќе токсичен од фентанил, и околу 10.000 пати повеќе токсичен од морфиум - вели д-р Карен Гримстад директор на Одделот за здравство во Алберта, Канада, откако пронашле Карфентанил во телото на двајца мажи кои се предозирале.

Властите во американскиот град Синсинати велат дека оваа супстанција е едно од можните објаснувања за кои 174 луѓе во овој американски град се предозирале за само шест дена. Фентанил, хемиски поврзан опиоид, е послаб од карфентанил, но сепак предизвикал смрт на илјадници луѓе.

Хакики Вирани, канадски лекар специјализиран за зависности, укажува дека строгите мерки против дрогите ја објаснуваат подготвеноста на дилерот да се преориентира на карфентанил, со што се зголемува дејствието на хероинот во минимални количини. Минатогодишната анкета на Асошиетед прес објави дека 12 компании во Кина изјавиле дека со се подготвени да извезуваатХакики Вирани, канадски лекар специјализиран за зависност, укажува дека строгите мерки против дрогите ја објаснуваат подготвеноста на дилерот да се преориентира на Карфентанил, со што се зголемува хероинот во минимални количини. Минатогодишната анкета на Асошиетед прес објави дека 12 компании во Кина се подготвени да произведат и извезуваат Карфентанил по цена од  2.750 долари за килограм. Неколку месеци подоцна, кинеското Министерство за јавна безбедност објави дека ќе го забрани производството на Карфентанил.

Истражувајќи ги запленетите 42 килограми Карфентанил конфискуван во Канада, полицијата соопшти дека од него можат да се направат 420.000 дози за кои се проценува дека вредат 13 милиони долари.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари