Канада ќе издава експресни визи, бара работници

Канада од почетокот на идната година воведува експресни визи кои треба да и го решат проблемот на земјата со недостатокот на квалификувана работна сила.

Тоа е всушност промена на имиграциската политика врз основа на која Канада работи во изминативе 18 месеци, односно системот на Expression of Interest се заменува со експресна виза што претставува побрз начин Канада меѓу имигрантите да ги селектира оние кои поседуваат соодветни вештини и знаење потребни за сопствената економија.

Системот би требало да функционира на тој начин што кандидатите пред да дојдат во Канада би искажале интерес за тоа со што би сакале да се занимаваат. Потоа државата ќе им постави сет на прашања врз основа на кои треба да направи евалуација за профилот на имигрантот и истиот да му го понуди на пазарот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари