Како изгледа апсењето на дете - џихадист: Две години сум во Исламската држава, дали ќе ме убиете?

Неколку припадници на Исламската држава, меѓу кои и едно дете - џихадист, биле уапсени во ненадејниот напад на сириските бунтовници на позициите на озлогласената терористичка организација.

Бунтовничките сили кои што воглавно се борат против силите на сириската армија лојални на претседателот Башар Ал Асад, организирале акција и напад на позициите на Исламската држава.

Набрзо после успешната акција во која што биле уапсени неколку припадници на ИСИС, на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како еден од уапсените терористи е практично дете, за кое што се верува дека не е ниту на тинејџерска возраст.

Детето им открило на бунтовниците дека две години се борел во сирискиот град Рака како припадник на Исламската држава, а на крајот ги запраша дали ќе го убијат. Од другата страна одговорот пристигна веднаш: „Убијте го!", извика еден од бунтовниците.

Сепак, подоцна не е јасно дали борецот на Слободната сириска армија го исполнил ветувањето дека ќе го убие момчето, но се верува дека сепак младиот џихадист преживеал.

На еден друг профил на „Твитер", набрзо потоа се појавила уште една снимка која што прикажува како сириските бунтовници со камиони ги превезуваат заробените џихадисти, а меѓу нив се чини дека е и детето. Сепак, со оглед на тоа што целата ситуација во Сирија е хаотична, никој не може со сигурност да знае кога видеото е направено и каква е судбината на детето.

Поврзани

Најнови вести

Коментари