Се продава и купува оружје повеќе од било кога

Каде да ја очекуваме следната голема војна?!

Не е тоа само став и заклучок на аналитичарите, дека светот се подготвува за две до три големи војни кои ќе имаат најмалку регионално значење: едната е областа во Индокина односно околу Виетнам, Тајван и југоисточните граници на Кина бидејќи таму се води борба за превласт врз новопронајдените резерви на нафта и гас, и статешка контрола врз кинеското море.
Втората е секако Северна Кореја која е штитеник на Москва и Пекинг, претставува опасност за целиот регион како сила со атомско вооужување, а военото соборување и пораз на тамошната власт би значела губење на компетентен кинески сојузник и закана за кинеската јужна граница што, повторно, спаѓа во плановите за ограничување на кинеската геостратешка моќ и истоштување на кинеската растечка економија со воени закани и приморување парите наместо за економски цели Пекинг да ги потроши за војска и оружје.
Третата регионална војна, за нас од најголем инетерс, е секако долж границите со Русија со Украина како најистурен фронтален учесник на тој воен судир, но со учество и на Балтичките држави, Полска и Романија кои во дејствијата би соработувале во состав на НАТО.
Оваа војна најдолго се подготвува, доживеа и свој почеток, но сега е во фаза на хибернација бидејќи не успеа воениот удар против Ердоган кој не е подготвен да биде клучен учесник во воениот конфликт против Русија и затоа, оценуваат експертите, требаше да биде тргнат, а неговиот наследник да го одработи тоа што се очекува од Турција во регионалната војна против Русија. Но, Ердоган опстана, ги подобри своите односи со Москва, а без поддршка и учество на Турција - нема ни успех во војната против Русија.

Долготрајна опција, со деценеии, е војната помеѓу Индија и Пакистан.

Дека војните се пред врата се докажува и со проверен модел: следи ги парите и ќе дојдеш до изворот на проблемот.
А парите за војна се усмеруваат кон воена опрема. Пазарот на воена опрема расте, се купуваат и складираат се повеќе моќни воени системи. Според пазарот на оружје, видот на вооружувањето и местата каде се испорачува може лесно да се заклучи што следи.

Еве ги табелите кој е најголем експортер, односно извозник на оружје а подолу и кои се најголемите купувачи на оружје, и лесно со комбинација на овие два факти ќе дојдете до тоа кој има интерес од војни, и каде се тие војни планирани. Тој што купува оружје не го прави тоа за со оружјето да се забавува, туку превентивно или сепак ефективно - да го употреби.

Стоте најголеми светски производители на оружје минатата година забележаа раст на продажбата од 1,9 отсто во споредба со претходната година, и трговската вредност на прометот достигна 374 милијарди долари, објави шведскиот Меѓународен институт за истражување на мирот во Стокхолм.

- Растот на продажбата се очекува и зајакнува со имплементацијата на новите главни програми за оружје, тековни воени операции во неколку држави и долгорочни регионални тензии, што доведува до зголемување на нарачките за производство на оружје и производство на војни, се вели во извештајот.
Јужнокорејските производители на оружје, кои сè повеќе ја снабдуваат својата војска, покажуваат најголем процент на раст во однос на сите други земји. Зголемување на производството на оружје е всушност одраз на стравот од можен конфликт со Северна Кореја, но продажбата на воена опрема и оружје во земјата се зголеми за 20 отсто во однос на 2016 година, и сега достигна 8,4 милијарди долари.
САД со 58 отсто учество на пазарот на оружје се лидери, и имаат наголем профит од светска трговија на националните влади на САД и други држави се далеку најголеми купувачи на оружје. Американските компании останаа и годинава на врвот на оваа индустрија, со раст на продажбата од 4 отсто, или над 217 милијарди долари.
Најголем произведувач на оружје во светот е американската фирма Локид Мартин – тие имаа раст на продажбата од 11 отсто во 2016 година, што се должи на зголемената испорака на најновата генерација авиони ловци Ф-35, како и на нивната компанија Сикорски, која произведува хеликоптери.


Ауде Флерант од шведскиот институт вели дека е уверен дека растот на приходите во САД веројатно ќе продолжи. Претседателот Трамп сака да го зголеми буџетот на Пентагон и да го обнови американскиот нуклеарен арсенал.
Продажбата на руските компании кои произведуваат оружје порасна за помал степен од севкупниот светски раст - за 3,8 отсто, и се искачи на 26,6 милијарди долари, што е побавен раст отколку во последниве години. Русите промовираа нов, според многумина и најмоќен противвоздушен систем С-500 што е голем трошок за нив, и затоа се подготвени на трети земји да им го продаваат скоро исто моќниот С-400, а Турција би била прв купувач на ова оружје од земјите кои се членки на НАТО.


Москва поттикна потрошувачка за да ги ревидира своите воени способности, но набавките односно продажбата на нивно оружје не може да ги стаса нарачките поради влошената финансиска ситуација во земјата по воведувањето ембарго од САД и ЕУ. Русија е сериозно погодена и од цените на нафтата и гасот на светскиот пазар кои последниве две години беа ниски, под високо профитната граница од 65-70 долари за барел, рече Флерант. Понатаму, Флорант укажа на регионални спорови, како што е ситуацијата со островите во Јужното Кинеско Море, што е исто така главна причина за зголемена продажба на оружје. Областа е од суштинско значење за превозот, бидејќи тоа е коридор за илјадници бродови, и е богат со резерви на нафта и гас.

Затоа, сите земји во регионот, имено Кина, Тајван, Виетнам, Филипини, Малезија и Брунеи имаат свои интереси во овие води. Тензиите почна да се зголемува од 2014 година, кога Кина изгради вештачки острови за да гапрошири својата територија на море, а потоа таму изградија аеродром, пристаниште и донесоа вооружени сили заедно со современите системи за противвоздушна одбрана за да ги предупреди американските воени бродови и авиони да се движат подалеку од таа област.
- Во другите земји, како што е Виетнам, мораше да се побара и плати одговор на ова кинеско ширење, а тоа се нови нарачки на подморници и патролни авиони, вели Fleurant Ен-Ен.

Каде треба да ја очекуваме следната голема војна?

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари