Сеул

Јужна Кореја со предлог за намалување на тензиите на границата со Северна Кореја

Јужна Кореја и предложи на Северна Кореја преговори за намалува на тензиите на границата и обновување на средбите на разделените семејства.

Јужнокорејското Министерство за национална одбрана предложи преговорите за прекин на непријателските дејствија на границата да се одржат в петок.

Тоа би биле први разговори меѓу Јужна и Северна Кореја на владино ново од крајот на 2015 година.

Предлогот покажува дека новиот претседател на Јужна Кореја, Мун Џае-ин сака да ги подобри односите со Пјонгјанг и покрај неодамнешното севернокорејско тестирање на интерконтинентална балистичка ракета.

За сега нема одговор од Северна Кореја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари