Пеколен план на терористите

Исламисти планирале да извршат атентат на малиот принц...

Осомничен за тероризам на сослушувањето пред британскиот суд ги повикал неговите соборци, исламски екстремисти, да извршат атентат на малиот принц Џорџ.

Хусеин Рашид изјавил дека ниту кралското семејство од Велика Британија не може да биде безбедно, а фотографиите на малиот принц Џорџ кои што биле пронајдени кај осомничениот откриле дека исламистите планирале да извршат атентат над принцот.

Рашид со помош на апликацијата „Телеграм" ја споделил фотографијата на Џорџ со неговите соборци, а исто така ја открил и адресата на неговото училиште.

Исто така, тој детално опишал важни информации околу локацијата на стадионот во Велика Британија, а своите соборци и следбеници, радикални исламисти, ги повикал да извршуваат терористички напади на Евреите во Велика Британија.

Тој има британско државјанство, а планирал да замине и на Блискиот исток, односно во Сирија, за да се бори на страната на најозлогласената терористичка организација на сите времиња - Исламската држава. Обвинителството го гони за тероризам, а тој демантира дека планирал да изведе терористички напади.

„Тоа што посебно не загрижи е што кај него пронајдовме училишна фотографија од принцот Џорџ, а покрај неа имаше силуета на џихадист и натписот - училиштето започнува порано", открила обвинителката Ребека Мунди, пренесуваат британските медиуми.

Обезбедувањето во училиштето на малиот принц веќе беше на удар на критики, па после најновите сознанија дека принцот Џорџ е на мета на радикалните исламисти, обезбедувањето е зајакнато, а исто така се зголемени и активностите на британските разузнавачки служби.

Поврзани

Најнови вести

Коментари