Ирак предупреди дека „Исламската држава“ продолжува да претставува закана

Ирачки официјални лица предупредија дека „Исламска држава“ продолжува да претставува закана, иако владините сили го зазедоа последниот град во земјата контролиран од терористичката организација.

Во текот на денот, воените сили на Ирак изјавија дека градот Рава, којшто беше последно упориште на екстремистите, повторно е вратен под контрола на Багдад.

Сепак, ирачките владини лица предупредуваат дека „Исламска држава“ ќе продолжи да претставува закана, бидејќи се враќа кон своите стари тактики, со акцент на напади извршувани од страна на бомбаши-самоубијци, особено откако „Исламска држава“ го загуби Мосул, кој ја играше улогата на престолнина за терористите на територијата на Ирак.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари