ЕВРОПА МОРА ДА ДЕЈСТВУВА

Индекс за рамноправност меѓу половите: Шведска прва, Грција последна

Во ажурираниот Индекс на рамноправност на половите во ЕУ се прикажува моменталната состојба, но се потенцира дека иако има напредок на ова поле, тој е многу бавен. ЕУ има само четири бода повеќе отколку пред 10 години, односно 66,2 од вкупно 100.

Кога е во прашање рамноправноста меѓу половите, во ЕУ најдобра е Шведска, со 82,6 бодови, а на дното падна Грција, со 50 бодови. Италија е земјата која постигнала најголем напред и освои дополнителни 12,9 бодови, со што го зазеде 14-то место на листата.

- И натаму напредуваме, но многу бавно. Далеку сме од општество на полова рамноправност и сите држави во ЕУ имаат уште многу работа на тоа поле. Во некои подрачја, нееднаквоста е дури и поголема отколку што била пред 10 години. Нашиот Индекс на рамноправност јасно покажува дали политиките на владата се усогласени со посебните потреби на мажите и жените, и утврдува дали тие политики се делотворни или не, изјави Вирџинија Лангбак, истражителка на Европскиот институт за рамноправност на половите.

- Според новите резултати на Индексот, во голем број животни подрачја преовладува нееднаквоста. Тоа значи дека Европа мора да дејствува. Оваа година ќе предложиме дополнителни мерки за јакнење на положбата на жената и еднакви плати за иста работа. Рамноправноста не значи дека жените треба да станат послични на мажите. Рамноправноста значи создавање опкружување во кое обата пола ќе имаат еднакви можности и во целост ќе учествуваат во општествениот, деловниот и семејниот живот, изјави Вера Јоурова, еврокомесар за правосудство, заштита на потрошувачи и рамноправност на половите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари