Сибир

ИД презеде одговорност за нападот во Сургут

Исламска држава презеде одговорност за нападот со нож во рускиот град Сургут во Сибир, јави агенцијата Амак блиска до џихадистичката група.

Осум лица се повредени кога непознат маж со нож нападна минувачи, од кои двајца се во критична здравствена состојба. Полицијата го застрела напаѓачот.

Руските истражители претходно го идентификуваа напаѓачот како локален жител, роден 1944 година.

Се уште се утрдува дали напаѓачот имал евентуални ментални проблеми.

Поврзани

Најнови вести

Коментари