Холандски министер поднесе оставка поради лажна изјава

Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зијлстра поднесе оставка еден ден откако призна дека лажел дека лично го слушнал рускиот претседател Владимир Путин како зборувал за „голема Русија“ во 2006 година.

Зијлстра претходно тврдеше дека лично присуствувал на состанок на кој Путин рекол дека ја разгледува можноста Белорусија, Украина и Балтичките земји да бидат дел од „голема Русија“.

Вчера признал дека не бил присутен на состанокот и дека ја слушнал приказната од некој друг. Додал дека сметал дека се работи за геополитички важна работа и дека затоа јавно зборувал за тоа штитејќи го својот извор.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари