Од Појасот Газа

Хамас повика на напади врз Израелците

Хамас, кој има власт во Појасот Газа, ги повика Палестинците да ги напаѓаат израелските сили во Ерусалим, по затворањето на светото место во тој град поради завчерашниот смртоносен напад

Хамас, кој има власт во Појасот Газа, ги повика Палестинците да ги напаѓаат израелските сили во Ерусалим, по затворањето на светото место во тој град поради завчерашниот смртоносен напад во кој беа убиени двајца израелски полицајци и тројца палестински напаѓачи.

Затворањето на светилиштето Рид на храмот, Хамас во соопштение го означи како „верска војна".

Портпарол на Хамас ги повика Палестинците на „востание" и да пукаат врз израелската војска и еврејските доселеници на Западниот брег.

Израел го затвори завчера тоа место и откажа традиционални молитви на муслимани во петок попладне, што многу ретко се случува, поради вооружениот напад. На тоа место се наоѓа џамијата Ал Акса трета по значење во исламот по Мека и Медина во Саудиска Арабија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари