Грманија и Франција наредиле глобална забрана на Биткоин!

 Биткои претставуваат ризик за инвеститорите и потенцијално нарушување на долгорчна финанасиска стабилност

Германија и Франција наредиле потполна глобална забрана на криптовалутите вклучувајќи го и Биткоин, со што би се одржала долгорочната финансиска стабилност.

Во писмо до министрите за финансии на Г-20, кој го потпишал францускиот министер за финансии Бруно ле Маир и неговиот германски колега Пете Алтмаир – изјавиле дека Биткоинот претставува најголем "значаен ризик" на светските банки, пишува РТ.

Придружувајќи се група регулатори која повикува на потиснување на криптовалути, францускиот и германснкиот министер рекле дека дигиталните токени "можат да претставуваат значаен ризик за инвеститорите" и потенцијално нарушување на долгорчна финанасиска стабилност.

"Со обзир на брзото зголемување на капитализација на токен и продолжување на нови финансиски инструменти" темелени врз нив, тој развој тереба внимателно да се следи", рекле министрите.

Криптовалутите моментално во голема мерка се погршно означени како "валута" во медиумите и на интернет, рекле, додавајќи дека во "недостаток на информации" за природата на токенот "може само да ја поиткне шпекулацијата".

Исто така повикале на поголема заштита од мали шпекулантски вложувачи во криптовалутата, велејќи дека "наголемување на поедини такви валути токен може да има штетни последици за погрешно информитаните вложувачи кои не ги знаат ризиците на кои се изложени".

Оваа недела преупредување изразиле регулаторите и одговорните на Банките за меѓунадодно порамнување (БИС), Европската централна банка (ЕСБ) и Хонгконг комисијата за вредности од хартија.

Биткоин е "комбинација од меур, Понзиева шема и катастрофа", рекол
Агуст Карстенс, шеф на БИС.

Тој ги повикал централните банки да го истиснат Биткоинот и другите криптовалути со што би ги запреле мејнстим институциите, кои се "закана за финансиската стабилност".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари