Статистика

Годинава тројно зголемен бројот на илегални мигранти Шпанија

Медиумите во Шпанија деновиве објавија фотографија од една популарна плажа на југот од земјата во близината на Кадиз, снимена во моментот кога едно импровизирано бродче истоварува мигранти на вчудоневиденост на бројните капачи и туристи

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека бројот на илегалните мигранти кои од почетокот на годинава влегле во Шпанија, е тројно поголем во споредба со истиот период во 2016 година.

Според податоците на ИОМ, годинава преку морските траси во земјата пристигнале 8.385 „илегалци".

Доколку се продолжи со ваквото темпо, Шпанија многу брзо ќе ја надмине Грција, каде годинава се регистрирани 11.713 нови мигранти, затоа што преовладува мислењето дека шпанската „траса" е многу побезбедна.

Медиумите во Шпанија деновиве објавија фотографија од една популарна плажа на југот од земјата во близината на Кадиз, снимена во моментот кога едно импровизирано бродче истоварува мигранти на вчудоневиденост на бројните капачи и туристи.

Податоците на ИОМ за годинава, откриваат дека во Шпанија преку море и по копнен пат изминатите месеци пристигнале 11.849 мигранти.

Во текот на целата мината година, биле регистрирани 13.246 илегални влегувања.

Поврзани

Најнови вести

Коментари