Го прогласиле мртов а бил пијан. Се разбудил во мртовечница

Русинот Николај Бирков од Краснодар се претерал за Божиќ.  Се онесвестил откако испил малку повеќе од повеќето алкохол, па по грешка прогласен е за мртов. Што е најлоо, смртта не ја констаирале неговите пијани пријатели, туку струлно лице. Пријателите на мажот повикале брза помош, а медицинскиот персонал го прогласиле а мртов.

Сепак човекот се ''вратил од мртвите'' додека се наоѓал во фрижидер во мртовечница.

''Таа ноќ беа пополнети капацитетите на локалната мртовечница. Телата биле не само на полиците, туку и на патосот на таа просторија, каде што е преместен нашиот ''мртов херој'', изјавил потпарол на полицијата.

Човекот во еден момент се разбудил несваќајќи каде се наоѓа. Свеста сеуште му била под влијание на алкохол, но во темница почуствувал дека екстремитетите му се ладни. Во страв побрзал спрема вратата, но била заклучена. Почнал да вика и да тропа барајќи помош. Кога го слушнале стражарите, го пријавиле случајот кај лекарите а тие го проследиле до полиција. Кога полицијата ја отворила вратата ''човекот кој воскреснал'' во паника излетал од мртовечницата. Го испрашувале а потоа го пуштиле.

Кога се вратил на забавата, неговите пријатели и понатаму пиеле, но во ''негова слава''. Лицето кое ја отворило вратата се онесвестило од шок. Погребот брзо потоа се претворил во забава за ''повторно раѓање''.

Поврзани

Најнови вести

Коментари