Дутерте побара

Европските амбасадори да ги напуштат Филипини!

Дутерте рече и дека „глупавите момчиња од Европската унија" сакаат Филипини да ги исфрлат од Обединетите нации

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека ќе ги протера амбасадорите од европските земји, бидејќи, како што тврди тој, се мешале во внатрешните работи на земјата со тоа што ја критикувале владината војна против дрогата.

Оваа закана доаѓа откако група европратеници предупредија дека е можно да се воведат санкции на Филипини доколку не се запре со убиствата на дилери на дрога, во рамките на планот за борба против наркотици.

Дутерте рече и дека „глупавите момчиња од Европската унија" сакаат Филипини да ги исфрлат од Обединетите нации.

- Мислите дека Русија и Кина ќе се согласат со тоа? Мислите дека останатите земји, членки на АСЕАН ќе се согласат?, праша Дутерте.

Поврзани

Најнови вести

Коментари