Европска унија е карикатура од унија...!

Лидерите на многуте европски држави застанале на страна на шпанскиот премиер Мариано Рој, а за кризата зборувале дека е "внатрешна работа на Шпанија

Сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон ја критикуваше Европската унија поради одговорот на кризата во Каталонија.

Тој прецизира, поради подршката на Брегзит од Мадрид, Унијата изгледа "како карикатура од тоа што Европа навистина е и тоа е тоа што го сака ".

Лидерите на многуте европски држави, како и главните институции на ЕУ, застанале на страна на шпанскиот премиер Мариано Рој, додека за кризата зборувале дека е "внатрешна работа на Шпанија", пренесува РТ.

Пуџдемон тоа го окарактеризирал како предавство на "основните вредности кои доведоа до создавање на Европа".

"Што ќе стане ЕУ во рацете на вакви луѓе"?, се запрашал Пуџдемон, нагласувајќи дека не сака раководството на ЕУ да ги измеша традиционалните европски вредности со "нивните политички и економски интереси"

Претседателот на Европска комисија и член на Билдерберг групацијата ги повикал минатата недела државите-членки на ЕУ да се борат против сепаратистичките тенденции во Европа, мислејќи на Шкотска, Ломбардија, Венеција и други региони ширум континентот, кои изразиле желба за независност.

"Национализмот е отров кој ја спречува Европа да работи заедно. Неможеме да седиме со скрстени раце, додека не дојде време да се направи тоа што мора. Велам 'не' на секој облик сепаратизам кој ја слабнее Европа и ги шират постојните јазови", рекол Јункер.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари