Елејн Дјук: Терористите планираат напад како од 11 септември 2001 година

Државната секретарка за внатрешна безбедност на САД, Елејн Дјук изјави дека екстремистите планираат да извршат терористички напад сличен на оној од 11 септември 2001 година, кога загинаа речиси 3.000 луѓе.

„'Исламската држава' и другите терористички организации сакаат да направат голема експлозија како онаа од 11 септември. Разузнавачките податоци покажуваат дека тие сакаат да соборат авиони", изјави Дјук во американската амбасада во Лондон.

Ал Каеда на 11 септември 2001 година со четири киднапирани патнички авиони удри во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон близу до Вашингтон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари