Една земја на југот на Европа ќе се покаже како многу важна!

Ова пророштво потекнува од 17 век, негов автор е еден германски свештеник, а сега е објавено во книгата "Тајните на пророкот". Во него се опишува она што доаѓа во 21 век, за кој авторот вели дека ќе биде доба на страв и голема беда. Понатака тој раскажува дека во овој век ќе се случи големo зло.

- Во поголемиот дел од земјите децата ќе се кренат против своите родители, граѓаните против власта, верниците против Бога, целото човештво ќе се бори против поредокот. Ќе дојде до голема војна ... ги опишува тој настаните.

- По привремениот мир ќе има уште пожестоко продолжување на таа војна кога целиот свет ќе се сврти наопаку. Ќе дојде и до големи финансисики крахови и до уништување на добрата. Луѓето ќе се однесуваат како без разум и ќе немаат почитување ниту кон најблиските. Отровните испарувања и зраци ќе можат да продрат посилно од екваторијаното Сонце, ќе маршираат железни војски, а на небото ќе летаат бродови полни со бомби. Фатални летечки ѕвезди и сулфурен оган ќе уништи многу градови, го опишува тој оружјето кое ќе се користи во 21 век.

Тој во пророштвото вели дека овој ќе биде најизопачениот век досега поради тоа што моќниците кои се над другите ќе мислат дека се богови, а народот ќе се дигне против нив во сите земји.

Најважниот дел од пропоштвото се однесува на една земја на југот која според него ќе биде многу важна во ова време.

- Една земја на југот на Стариот континент многумина ќе се обидат да ја уништат. Преку неа ќе се скршат многу копја! Заради неа народ ќе војува, а жителите на таа земја во неколку наврати ќе бидат пред тотално уништување. Кога ќе пројде таа војна, таа земја одново ќе се роди, а ќе ја води еден човек кој најпрво ќе биде омразен, а потоа сите ќе го сакаат. Таа земја многумина нема да ја сакаат и ќе се обидат да ја уништат на секој можен начин. Луѓето таму се многу алчни и заради различни вредни работи, многу крв ќе биде пролиена. Во таа земја веќе се имаат случено две големи војни во минатото. На крај, таа земја ќе ја допре самиот Бог. Од тогаш таа ќе биде најпочитуваната во светот...

Поврзани

Најнови вести

Коментари