Тензиите растат

ДОМИНО ЕФЕКТ: И Чешка го призна Ерусалим за главен град на Израел

Чешка Република соопшти дека го признава западен Ерусалим за главен град на Израел, но ќе го разгледа прашањето за преместување на Амбасадата од Тел Авив во тој град по разговори со регионални партнери.

- Чешката Република моментно, пред да биде потпишан мир меѓу Израел и Палестина, го признава Ерусалим дека е главен град на Израел во граници на демаркациска линија од 1967 година, се вели во соопштение од чешкото МНР.

Според нив, Чешка, заедно со други држави членки на ЕУ, смета дека Ерусалим во иднина ќе биде град на две држави, а тоа значи на државата Израел и на идната држава Палестина.

Министерството може да почне со разгледуавање за преместување на чешката Амбасада од Тел Авив во Ерусалим само врз основа на резултати од преговори со клучни партнери во регионот и светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари