Докторот кој злоставувал гимнастичарки осуден на 60 години затвор

Поранешниот доктор на американскиот гимнастичарски тим, Лери Насар, е осуден на 60 години затвор поради сексуално злоставување што го извршувал повеќе години.

Повеќе од 125 жени, од кои повеќето се занимавале со гимнастика, го обвинија Насар дека ги силувал. Дел од жртвите биле и малолетни.

Поранешниот лекар на американските гимнастичарки минатиот месец се изјасни како виновен по седум точки од обвинението за сексуални напади. Тој е обвинет дека сексуално злоставувал и вознемирувал повеќе од 100 жени и девојчиња, а меѓу нив и три олимписки шампионки.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари