„Да ги спасиме децата":

Децата бегалци се депресивни, се повредуваат и користат дрога

Најшокантни и ужасни примери кои членови на Да ги спасиме децата што ги воочиле се зголемен број самоубиства и самоповредување кај деца кои имаат и по девет години

Бегалците и мигрантите во грчки кампови во кои се и деца на 9-годишна возраст, се повредуваат меѓу себе обидувајќи се да се убијат. Тие користат и дрога за да се изборат со „бескрајното страдање", наведуваат од организацијата Да ги спасиме децата.

Во извештај на таа организација, се додава дека „менталното здравје брзо се влошува" поради условите што се резултат на минатогодишниот договор на Европската унија и Турција за запирање на приливот мигранти.

Најшокантни и ужасни примери кои членови на Да ги спасиме децата што ги воочиле се зголемен број самоубиства и самоповредување кај деца кои имаат и по девет години, се додава во извештајот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари