Дали Исус, сепак, бил женет?

Научниците во текст објавен во Harvard Theological Review потврдиja дека папирусот во кој се споменува жената на Исус не е фалсификуван.

На парче папирус од четвртиот век на коптски јазик била напишана фраза, која била дешифрирана на богословскиот универзитет на Харвард, се наведува дел од Светото писмо каде се вели "И Исус ми рече, Мојата жена...", пишува "Њујорк тајмс".

Папирусот е со големина на помала визит карта, а зборовите се испишани со црно мастило, што може да се види со лупа. Веднаш по редоследот на зборовите по кое станува јасно дека Исус има жена, следи и втората провокативна реченица: "Таа ќе може да биде мој ученик".

Откритието беше објавено во Рим на Меѓународниот конгрес на коптологија од страна на историчарката Карен Кинг, која објави неколку книги за нови откритија од Евангелието. Таа е првата жена која е носителка на најстарата титула во САД- професорка по теологија.

Потеклото на папирусот е мистерија. Сопственикот на ова "парче" хартија побарал да остане анонимен. Кинг покажала фрагменти само на мал круг експерти, според кои може да се заклучи дека тој најверојатно е автентичен.

Откритието може повторно да го разгори спорот дали Исус бил оженет, дали Марија Магдалена била негова сопруга и дали имал жена следбеник. Овие спорови датираат од раните векови на христијанството,тврдат научници.

Сепак, тие се актуелни и денес, кога глобалното христијанство е загрижено за прашања како можноста жената да е свештеник и границите поврзани со бракот, пишува весникот.

Смислата на зборовите "мојата жена" е надвор од секакво сомневање, вели доктор Кинг. "Тие не можат да значат ништо друго", категорична е таа.

А што вели Библијата?

Иако во Библијата не пишува ништо конкретно за тоа дали Исус бил во брак, од извештаите за неговиот живот можеме да заклучиме дека тој не бил женет. * Размисли за следниве работи:

Во Библијата често се спомнува семејството на Исус, како и некои жени што го придружувале за време на неговата служба и биле покрај него кога бил погубен. Но, никаде не е спомнато дека имал жена (Матеј 12:46, 47; Марко 3:31, 32; 15:40; Лука 8:2, 3, 19, 20; Јован 19:25). Тоа што Библијата не зборува ништо на таа тема е доволно силен доказ дека Исус никогаш не се оженил.

За оние што решиле да не стапуваат во брак само за да можат да прават повеќе во службата за Бог, Исус рекол: „Кој може да живее така, нека живее така" (Матеј 19:10-12). Тој самиот им оставил пример на оние што одлучиле да не стапат во брак со цел да му го посветат својот живот на Бог (Јован 13:15; 1. Коринќаните 7:32-38).

Кратко пред да умре, Исус ја доверил грижата за својата мајка на еден од своите ученици (Јован 19:25-27). Доколку имал жена и деца тогаш сигурно би се погрижил и тие да бидат згрижени по неговата смрт.

Библијата вели дека мажите треба да се однесуваат со своите жени како Исус со собранието. Во Ефешаните 5:25 стои: „Мажи, сакајте ги своите жени, како што и Христос го сакаше собранието и се предаде себеси за него". Но, ако тој бил женет, зарем не би било логично за пример да биде наведен неговиот однос кон неговата жена, а не кон собранието?

Поврзани

Најнови вести

Коментари