ЦИА: За само неколку месеци можен е напад врз САД

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, предупреди дека најновиот извештај покажува дека само неколку месеци ја делат Северна Кореја од можноста да ги нападне САД со нуклеарно оружје.

„Програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја продолжува да се проширува, подобрува, станува помоќна и посигурна“, изјави Помпео.

Запрашан колку време ќе мине додека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, биде во можност да ја погоди било која точка на САД, Помпео рече: „Неколку месеци“.

Меѓутоа, некои американски медиуми забележаа дека Помпео дал слични предвидувања и во октомври минатата година, што, според нив може да значи и дека Пјонгјанг не направил голем напредок во овој поглед уште од минатата есен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари