Чешка пред "шарeна револуција" !

Како што се ближи вториот круг од изборите, забележана е консолидација на останатите опзициски кандидати под превезот "кој и да е само не Земан"

Граѓанксата патриотска платформа "Алијанса на националните сили" (АНС) која обединила неколку граѓански организации, серозно е загрижена поради можноста во Чешка да дојде до избивање на "шарена револуција", за што објавила опширен текст на сајтот на АНС

Загриженоста на граѓанските активисти предизвикана е од големата кампања која го затресе интернетот под мотот "тиркизна револуција". Оваа кампања е еден вид подршка на еден од претседателските кандидати на изборите, од Павел Фишер. После поразот во првиот круг, Фишер ги повикал своите симпатизери да гласаат за професорот Јиржи Драхоша, противник на Милош Земан.
"Алијансата на националните сили" смета дека во сличај на пораз на Драхош во вториот круг, на улиците ќе излезат илјадници луѓе кои ќе бидат повикани од страна на организаторите на "тиркизната револуција". Активистите на АНС дури прдупредуваат за можна опасност од избивање на "прашки Мајдан", односно повторување на сценариото од Киев.

На оваа тема зборува и Владимира Витова, претседател на платформата АНС. Таа истакнува дека основа за агриженост е присуство на "сите симболи и елементи" на шарена револуција кои никогаш добро не завршиле.

"Многу добро се сеќавам на случувањата во Украина 2004 година потоа во Грузија, Киргизија,Тунис, Либија Египет и Сирија. Како прво веќе и е дадено име на таа 'револуција'. Освен тоа, тука е и симболот-стилизиран во латинично V. Присутна е и омразата бидејќи сегашниот претседател е виновен апсолутно за се. И впрочем нас не плаши играта на емотивната карта, бидејќи знаеме како сето тоа се заврши на киевскиот Мајдан".

Витова додава, како што се ближи вториот круг од изборите, забележана е консолидација на останатите опзициски кандидати под превезот "кој и да е само не Земан", додавајќи под овој слоган буквално се создава вистинска хистерија.

Не е тајна дека локалните – и државни и приватни медиуми работат се како би нанеле штета на Милош Земан. Динамиката на кампањата "тиркизна ревилуција 2018 година може да биде подготовка за масовни нереди", предупредува Витова.

Се планира оваа "тиркизна кампања" да трае до 27 јануари, кога се завршува вторио круг од изборите. Резултатите од првиот круг им ги поматиле сметките на организаторите на "титкизната револуција", и тоа е добро смета Витова, и прдупредува дека "играње" со "обоена револуција" може да доведе до големи проблеми.

"Може да дојде до катастрофа и ние сакаме да ги предупредиме луѓето дека такво нешто може да се случи", заклучува Витова.

Поврзани

Најнови вести

Коментари