Според поранешниот премиер

Блер: Брегзит мора да биде прекинат оти нанесува штета на Британија

Во изјава за Скај њуз тој вели дека „секој ден носи нови докази" за штетата од Брегзит за Британија

Тони Блер

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека постои шанса Велика Британија да не излезе од Европската унија и оти запирањето на Брегзит е „неопходно" за државата да избегне голема економска штета.

Блер наведува дека лидерите на ЕУ можеби ќе сакаат да „ѝ излезат во пресрет" и да ја задржат Велика Британија во блокот од 28 држави.

Во изјава за Скај њуз тој вели дека „секој ден носи нови докази" за штетата од Брегзит за Британија.

Тоа вклучува забавување на економскиот раст и пад на вредноста на фунтата од јуни 2016 година кога Британците на референдум одлучија да ја напуштат ЕУ. Блер беше британски премиер од 1997 до 2007 година.

Поврзани

Најнови вести

Коментари