Би-Би-Си: Во американски воздушни напади загинати и руски војници

Најмалку двајца руски борци се убиени во минатонеделните американски воздушни напади во североисточниот дел од Сирија, а Би-Би-Си наведе дека најверојатно се работи за платеници кои биле најмени од приватна воена фирма која соработува со сириската провладина војска.

Русија засега не ја потврди смртта на војниците, за што најпрво пишуваа американски војници, туку истакна дека такви вести не треба да се третираат како примарни извори.

САД соопштија дека во минатонеделните напади биле убиени над 100 борци, а американскиот министер за одбрана Џим Матис истакна дека наспроти медиумиските написи, нема потврда дека меѓу убиените се и руски платеници.

„Неможам да го потврдам тоа, не сме слушнале ниту збор за тоа од Централната команда или од Пентагон“ рече Матис.

Стотина борци поврзани со сирискиот претседател Башар ал Асад нападнале позиции на Сириските демократски сили кои ги поддржуваат САД во провинцијата Деир ел Зор. Тие наводно преминале преку реката Еуфрат, удирајќи на базата на Сириските демократски сили, каде биле присутни и американски советници, пренесе Би-Би-Си. Американците одговориле со воздушен и артилериски напад на 7-ми февруари, принудувајќи ги провладините борци да се повлечат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари