СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАУЧНИЦИ ОД КЕМБРИЏ

Бенито Мусолини бил британски агент!

Италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини својата политичка кариера ја почна пред крајот на Првата светска војна благодарение на тоа што стана британски агент, објави вчера лондонскиот дневен весник "Гардијан", повикувајќи се на резултатите од истражувањето на научници од Универзитетот во Кембриџ. "Мусолини се вклучи во политиката есента 1917 година со помош на парите кои му ги даде британската контраразузнавачка служба МИ5. Тој беше исплаќан за да спроведува просојузничка пропаганда во весникот што го уредуваше (Ил Пополо д' Италиа). И, не само тоа, Мусолини дури рекол дека своите момци - италијанските воени ветерани - ќе ги испрати за да ги "убедат" демонстрантите кои бараа мир и Италија да излезе од војната да си останат дома, наведува "Гардијан". Весникот истакнува дека Мусолини за своите услуги добивал солидни околу 100 фунти неделно, сума што денес одговара на 7.000 евра.


Поврзани

Најнови вести

Коментари