Анти-Брегзит група "The Real 48 percent", со смртни закани до британските парламентарците кои го поджуваат Брегзит!

Најмалку шест истакнати донатори во кампањата "Заминување" добиле слични закани минатата недела.

Ова е втора закана на анти-Брегзит терористи во рок едена недела.

Парламнтарната пратеничка Андреа Ледсом која го подржува Брегзит добила писмо ова утро во кое и се закануваат со смрт, а го испратила анти-Брегзит група под назив "The Real 48 percent", ("Реален 48 процент") која која го испратила со језива закана "Ние ќе ти го одземеме животот".

Конзервативната лидерка на долниот дом во британскиот парламент добила писмо кое го искоментирала: "Со доста презир кон оној кој го испратил ова. Живееме во демократија – со закани за смрт, бидејќи не се согласувате? И без да се потпишете? Кукавици..."

Писмото е напишано со зборовите: "Ние сме родени во Велика Британија, живееме во Велика Британија. Ние се Европејци".

Спрема наводите: "Ако пробате да земете дел од идентитетот, ќе има последици. Ние видовме како не доведе на раб на понор. Нема повеќе само да гледаме. Ти ни го одзема животот на нашата страна. Сега ние ќе го земеме твојот живот. Ние доаѓаме по вас".

На печатот на писмото од каде што е испратено стои дека е од Бирминген, втор по големина британски град.

Со одзир на тоа дека содржината на писмото се поистоветува со започнување на насилство поради политички причини, може да се третира како терористичка закана.

Ова не е прв пат поединци или група себеси да се нарекуваат "The Real 48 percent" да се закануваат на лица од власта.

Пратеник во парламентот Зак Голдсмит добил слично писмо минатата недела кое го примила една од неговите соработнички, 80 годишна жена.

"Ние гледавме како го палевте огнот над Брегзит и не доведовте нас до овој момент. Повеќе нема да ве толерираме. Ние доаѓаме по вас. Ние ќе те убиеме, - стои во писмото.

Најмалку шест истакнати донатори во кампањата "Заминување" добиле слични закани минатата недела.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари