Анализа: Шведска ќе биде првата држава во светот која ќе ја укине готовината

Шведска е прва држава во светот по тоа што сè повеќе ја исфрла готовината од употреба.

Студијата направена од Државниот институт за технологија КТХ, во соработка со Државниот економски факултет, покажа дека во 2023 година Шведска ќе биде општество без готовина.

Според истражувањето, за пет години продавниците во Шведска веројатно нема да сакаат ниту да прифатат готовина.

Двајца водечки истражувачи тврдат дека Шведска ќе стане првото општество без готовина во светот на 24 март 2023 година.

- Во моментов, 97 отсто од продавачите прифаќаат готовина, но само 18 отсто од плаќањата се прават во готово, така што потрошувачите се движечка сила, вели Никлас Арвидсон.

Инаку, Шведска беше првата европска земја која почна да печати банкноти.

Поврзани

Најнови вести

Коментари