ТУРЦИЈА

АМНЕСТИЈА ЗА 10.000 ЗАТВОРЕНИЦИ

Според новиот кодекс за казнување на Турција, направен во согласност со европските барања, амнестија ќе добијата 10.000 затвореници. Проектот што предвидува амнестија, веќе добил одобрение и од парламентарната комисија за правосудство. Осудените чиј рок на издржување на казната истекува во април 2005 година, ќе бидат деновиве ослободени од затворите. Последен пат пред четири години правобранителството на Булент Еџевит, по барање на неговата сопруга Рахшан Еџевит, објави општа амнестија, поради што беше наречена "амнестијата на Рахшан". Затворите тогаш се испразнија за половина затвореници. За изминатите две-три години затворите не само што се наполнија повторно, туку и го натфрлија капацитетот за неколкупати.

Поврзани

Најнови вести

Коментари