Американското министерство за правда побара истрага против Хилари и Бил Клинтон

Американското министерство за правда соопшти дека од обвинителството побарало истрага за хуманитарната фондација на брачната двојка Бил и Хилари Клинтон и за договорот за продажба на „Ураниум Уан“ на руската компанија „Росатом“.

Министерот за правда, Џеф Сешонс, рекол дека ќе биде отворена истрага за одредени прашања за работењето на фондацијата и за продажбата на фирмата „Ураниум Уан“ на Русите.

Сешонс овој потег го опиша како одговор на писмо испратено од републиканците во Конгресот. Демократите ја нарекоа истрагата „огромна диверзија“ од истрагите што се водат против Доналд Трамп и неговите соработници.

„Ураниум Уан“, канадска рударска фирма која поседувала една петтина од американските резерви на ураниум, во 2010 година ја купи руската државна компанија „Росатом“. Американското министерство за надворешни работи, додека Хилари Клинтон беше државна секретарка, помогнало во одобрувањето и склучувањето на овој договор заедно со поранешниот претседател Барак Обама.

Републиканците тврдат дека договорот бил одобрен откако хуманитарната фондација на Бил и Хилари Клинтон добила донација од 145 милиони долари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари