Американски адмирал предупредува: Сонот на Ким е во двете Кореи да владее комунистички режим

Долгорочна цел на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е да го обедини Корејскиот Полуостров под неговиот тоталитарен режим.

Ова го изјави висок официјален претставник на американската морнарица кој ги надгледува воените операции во Пацификот, адмиралот Хари Харис Џеј Ар.

„Многумина сметаат дека нуклеарниот арсенал на Ким му е потребен за да го заштити неговиот режим, но тој сака многу повеќе од тоа“, предупреди Харис во своето обраќање пред Комитетот за вооружени сили при Претставничкиот дом на САД.

Според Харис, долгорочната цел на Ким е повторно обединување на двете Кореи „под единствен комунистички систем“.

Сите идни преговори со Северна Кореја, според американскиот адмирал, треба да бидат насочени кон отстранување на нуклеарното оружје од Корејскиот Полуостров.

Инаку, Харис речиси четири децении е официјален претставник на американската армија. На чело на американската пацифичка команда е од мај 2015 година, а американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека ќе го назначи Харис за амбасадор на САД во Австралија, што сега треба да биде потврдено и од страна на Сенатот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари