Иран

Ахмадинеџад дисквалификуван од претседателската трка

Повеќе од 1.600 кандидати, меѓу кои и 130 жени се пријавија за учество на претседателските избори, што треба да се одржат на 19 мај

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е дисквалификуван од претседателската трка, јави иранската државна телевизија.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи се наведува дека Советот на чувари, кој ги одобрува кандидатурите за претседателските избори одобрил шест кандидати, меѓу кои и актуелниот шеф на државата Хасан Рохани.

Одобрена е и кандидатурара на Ебрахим Раиси, близок соработник на ајатолахот Али Хамнеи.

Повеќе од 1.600 кандидати, меѓу кои и 130 жени се пријавија за учество на претседателските избори, што треба да се одржат на 19 мај.

Поврзани

Најнови вести

Коментари