Адвокатот на Трамп потврди дека од свои пари ѝ платил на порно актерката

Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен изјави дека платил 130.000 долари од сопствени пари на порно актерката, која наводно имала сексуална врска со претседателот во 2006 година.

Коен во изјава за „Њујорк тајмс“ вели дека ниту организацијата „Трамп“, ниту луѓето задолжени за претседателската кампања немале врска со исплатата на парите, кои тој ѝ ги дал на Стефани Клифорд, позната во порнографската индустрија како Сторми Даниелс.

„Во приватна трансакцијата во 2016 година, користев сопствени пари за да ѝ платам 130.000 долари на Стефани Клифорд“ рече Мајкл Коен, кој додаде дека „ниту организацијата „Трамп“ ниту луѓето задолжени за кампањата на Трамп се учесници во трансакцијата со Клифорд, ниту пак ми го надоместија износот за плаќањето, ниту директно ниту индиректно“.

Како што пренесуваат американските медиуми, исплатата била извршена само неколку недели пред изборите во 2016-та година.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари