Португалија:

1.800 пожарникари се борат со шумските пожари

Новите пожари избија откако во претходно летово повеќе од 60 лица загинаа, а над 200 беа повредени во големиот пожар во областа Педрогао Гранде во централна Португалија, кој беснееше пет дена

Португалија се бори со нов бран шумски пожари додека во текот на викендов се уште има високи температури.

Околу 1.800 пожарникари со помош на стотина возила се обидуваат да изгаснат десетина пожари ширум земјата, соопштија португалските власти.

- И покрај пожарите, ситуацијата сега е стабилна, изјави портпаролката на Агенцијата за цивилна заштита во Лисабон.

Новите пожари избија откако во претходно летово повеќе од 60 лица загинаа, а над 200 беа повредени во големиот пожар во областа Педрогао Гранде во централна Португалија, кој беснееше пет дена.

Поврзани

Најнови вести

Коментари