Марија Шарапова им се исповеда на новинарите

Знам зошто Серена Вилијамс многу ме мрази

Според Шарапова финалето на Вимблдон било пресвртница во нивното рибалство кое трае до денеска

Руската тенисерка Марија Шарапова, се проби во светскиот тенис, во 2004 година кога во финалето на грен слем турнирот во Вимблдон ја совлада Американката Серена Вилијамс. Но по сите изгледи Американката и ден денеска на го заборавила овој пораз и покрај тоа шро од тогаш до сега ја има победено Русинката 19 пати во 20 одиграни натпревари.

Според Шарапова финалето на Вимблдон било пресвртница во нивното рибалство кое трае до денеска.

Кога заврши натпреварот, Серена дојде до мене и ме прегрна. Таа ми честиташе со зборовите "Добро завршена работа" и се насмевна. Знаев дека нејзините честитки не се искрени и од срце. Кога влегов во соблекувалната по натпреварот ја слушнав како плаче. Се обидов да излезам што побрзо, но таа знаеше дека сум таму. Луѓето често се прашуваат зошто имам толку голема негативна статистика против неа, само две побеи и 19 порази. За мене одговорот беше во соблекувалната, изјави Шарапова и додаде:
Мислам дека Серена ме марази, бидејќи ја победи во финалето на Виблдон, меч во кој таа имаше големи очекувања. Но, најмногу ме мрази зашто ја слушнав како плаче. Потоа еден заедники пријател ми кажа дека Серена му кажала дека повеќе нема да загуби од „онаа кучка". Серена и јас би требало да сме пријателки, делиме иста страст, но не сме . Можеби во иднина ќе бидеме поблиски, можеби кога ќе ја завршиме кариерата, откри Русинката.

Најнови вести

Коментари