Која е калкулацијата за фудбалер да се платат 100, или 200 милиони евра?

Жорж Мендеш: фудбалот е средновековна трговија и ропство

Цените на фудбалерите, особено во Европа, а специјално во англиската премиер лига, отидоа до височони кои се надвор од разумот. Кога за Пол Погба Манчестер Јунајтед плати 100 милиони евра, браната беше пробиена и потоа настана потоп, заклучно со трансферот на неимар во ПСЖ Париз кој ја надмина границата од 200 милиони евра. Најголем дел од парите не одат на сметка на фудбалерите, туку... Двајца фудбалски менаџери се архитекти на ова фудбалско лудило: Мино Раиола и - Карлос Мендеш.

Овој Португалски менаџер е најмоќниот човек во европскиот фудбал, кој решава за европските титули со постојано преместување и селење на врвните фудбалски ѕвезди и тренери од еден во друг клуб, и е најголем креатор на позиционирањето на тимовите во големата европска топ 10 група од која по правило се тимовите кои ги гледаме во врвот на европскиот фудбал секоја сезона. Негови клинти се Жозе Морињо, Кристијано Роналдо, Голманот Давид Дегеа, Анхел Ди Марија, Радамел Фалкао, Пепе, Карваљо, Тијаго Силва, Кошта... практично, тој е сопственик на најголемиот износ на пари од договори кои еден европски менаџер ги има под контрола. Само од трансферот на Роналдо во Реал, Жорж Мендеш има лична заработка од 10 милиони евра, заработка која не завршува тука туку добива профит од секој бонус, од секое прогласување за фудбалер на годината.

Тој не е само менаџер, туку и личен пријател со Морињо од кого и почнува неговата голема менаџерска кариера, и нивната соработка резултира со тоа што Морињо по правило добива фудбалери за свои потреби од кампот на Мендеш, како што е случај и годинава кога тројца клинети на Мендеш од силната екипа на Атлетико Мадрид преминаа во Челзи, а потоа и во Манчестер Јунајтед откако Морињо го презема клубот, иако најскапото засилување на Јунајтед, Пол Погба со цена од 100 милиони евра, како и ерменецот Михтаријан и Лукаку се менаџерско дело на неговиот конкурент Мино Раијола. Една од причините зошто Морињо догодина би можел да го напушти Манчестер Јунајтед е таа што во тимот доминираат играчите од кампот на Мино Раијола, најголемиот конкурент на неговиот менаџер Мендеш.

Се што е големо на фудбалскиот пазар, а не е под нивна контрола, случајно или не има проблеми со даночни афери. Менаџерите на најголемите како Меси и Нејмар - се нивните татковци но, тие се постојано под контрола на финансиката полиција и со судски процеси за даночно затајување. Мендеш и Раијола такви проблеми немаат.

Неговата агенција Гестифут има под договор 83 фудбалери од кои повеќето имаат пазарна вредност од 10 милиони евра, па нагоре. Вкупната пазарна вредност на неговите играчи е околу 600 милиони евра, тоа е вредност поголема од онаа на сите играчи на Баерн Минхен, Барцелона, Челзи, Манчесетер Јунајтед... Со последните трансфери Мино Раијола ја надмина бројката од 500 милиони, има добар договор и со една од најголемите млади ѕвезди, голманот на Милан Донарума и опасно му се доближува на се уште најголемиот, на Мендеш.

Од Мендеш почнува менувањето на улогата на менаџерот во фудбалот. Тие не се веќе трговци, посредници во трансферите на играчи, туку се и советници на тренерите и даваат налози за ангажман и настап на нивните клиенти во тимот и играта на клубот, а доколку желбите не им се исполнуваат, играчот ја менува средината по налог на менаџерот. Од Мендеш почнува навиката играчите да менуваат клубови колку е можно почесто, да има повеќе обрт на парите, да има смешно големи износи од по 50 па и 80-100 милиони евра за трансфер на играч што е износ кој без сомневање не може да се врати како заработка за клубот туку загубата се книжи на конто на пребогатите арапски, руски, американски и други милијардери кои фудбалот и трансферите ги разбираат како забава и трошок од забавата, а не како работа со инвестиција и заработка. Затоа, од друга страна, преку ноќ се раѓаат сезонски мега клубови како Монако, или Пари Сен Жермен, Зенит или Шахтјор... а долговите на големите тимови како Барцелона или Реал Мадрид се искачуваат на 500 милиони евра, и никој нема план како тие пари ќе се вратат.

Не е тајна дека Морињо при секој трансфер во нов клуб редовно зема 4-5 играчи од колонијата на Жорж Мендеш, и дека има заработка од неговите комбинации. Играчите на Мендеш, потоа, кај Морињо имаат привилегиран статус што е неопходно за понатамошните нивни трансфери. Токму тие двајца, од Италија, преку Шпанија, Франција и Англија... создадоа така наречени латино кланови - групи на играчи од Португалија, Бразил, Шпанија и Аргентина кои доминираат во клубовите и имаат посебни врски и меѓусебни интереси поради кои другите надвор од клановите трпат.

Позната е и соработката на Мендеш со клановите во Колумбија, кои имаат свои играчи а работат често надвор од законот, и со кои соработува во купопродажбата на играчи и нивни трансфери потоа во Европа, како што е случајот со Радамел Фалкао или актуелниот Хамес Родригез кој, без проблеми, премина летово од Монако во Реал за фантастични 85 милиони евра, ни иако толку скап слабо се покажа па Мендеш сезонава го донесе во Баерн Минхен.

Слично како и Коентрао, за кој од Реал беше платено 30 милиони евра, иако пазарната цена му беше барем дупло помала од тоа. Слични се трансферите и на други негови клиенти како Пауло Фереира платен 25 милиони евра, или Кварежма кој премина кај Морињо во Интер за 25 милиони евра, а играше само на 13 натпревари. За трансферот на Морињо на тренерската клупа на Реал Мадрид Мендеш успеал да договори дури 40 милиони евра, од кои 10 биле негова заработка.

Малку се знае за неговиот приватниот живот. Жорж Мендеш (47) е роден во Лисабон, син е на државен службеник кој неуспешно пробал да направи фудбалска кариера во тамошниот третолигаш Вианезе. Долго работел бизнис со дискотеки и ведеотеки, додека во 1996 година не проценил дека може да има успех и во трансфери на фудбалери. Првите трансфери му се на голманот Нуњо од Гимареш во Депортиво Ла Коруња, кого го запознал во една од неговите дискотеки, и Андреаде од Порто во Депортиво. А најголем успех му е најголемиот трансфер на сите времиња до тој момент, Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид за 95 милиони евра. Денес, Роналдо е ефтин во споредба со Нејмар кој, наводно, е продаден од Барселона за преку 220 милиони евра.

Неговите колеги велат дека има ретка спосбност за бизнис уште од младите денови: ако денес купи дискотека, за недела дена ја продава по двојно поголема цена на друг...

Многумина негови колеги, менаџери, го обвинуваат дека применува секакви, најчесто незаконски, па и криминлани методи за да придобие играч, а потоа да го продаде под сомнителни околности во кои не се знае кој се точно има заработка од трансферот. Неговите агресивни методи се видени и кога пред луѓе, на лисабонскиот аеродром, физички го нападнал и тепал менаџерот Жозе Вега, заради судир околу сопственоста врз фудбалерот Луис Фиго кој, потоа, преминал во кампот на Мендеш.

Негова главна конкуренција е Мино Раијола, кој за разлика од господскиот стил на Мендеш има имиџ на уличен мафијаш од јужна Италија, како и англиско-германската агенција Стелар Фудбал, која под своја контрола и сопственост има легенди како Ешли Кол, Глен Џонсон или Коло Туре... но, вредноста на нивниот камп е далеку помала, “само“ околу 300 -350 милиони евра.

Светот, и публиката, имаат лажна претстава дека со европскиот фудбал царуваат газдите, милијардерите и менаџерите на клубовите како Флорентино Перез (Реал Мадрид), до скоро Силвио Берлускони (Милан), Роман Абрамович (Челзи), Масимо Моратија (Интер) или Шеик Мансур бин Зајед (Манчестер Сити)... тие се само богати клиенти на менаџерите кои имаат буквална, ропска сопственост над играчите уште од нивната адолесцентска возраст, па се додека од нив може да се заработат пари.

Вредноста на нивните капмоиви, договори со играчите, е поголема од вредноста на играчите во наведените најголеми европски клубови. Тие имаат свои новинари и медиуми кои пишуваат бајки за нивните играчи и создаваат од нив култови на младите навивачи и партнери за спонзорства на голеите компании. Нивните трансфери се често врзани со бонуси за успех на клубот во кој играат, па и врските со судиите не се надвор од контрола на менаџерите. Се на се, фудбалот не е веќе игра, туку брутален средновековен бизнис во кој главните актери ги нема на теренот. (vecer.mk)

Поврзани

Најнови вести

Коментари