Квотербекот и Њу Орлеанс во големи проблеми

Жизел му наби рогови на Том Брејди!

Светски познатиот супермодел, Жизел Бундшен, сопруга на квотербекот на Њу Орлеанс Том Брејди, изјави дека нејзиниот сопруг во текот на минатата сезона имал потрес на мозокот. Со оваa информација, таа му направи голем проблем на славниот рагбист, бидејќи неговата повреда не е заверена во архивите на НФЛ лигата

Бразилската манекенка ова го кажа, на гостуваше во американска емисија на ТВ каналот "ЦБС" и му ја отежна ситуацијата, бидејќи клубовите не смеат да прикриваат и мораат да ја пријават секоја повреда на челниците на НФЛ лигата.

Тој имаше потрес на мозок. Знае да му се случи тоа од време на време, но подобро да не говориме околку тој проблем. Сметам дека не е здраво телото да поминува низ таква агресија на организмот, изјави Жизел.

Челниците на НФЛ лигата веднаш реагираа и комплетната ситуација ќе биде тестирана во наредните неколку дена, а ако се потврдат информациите кои ги соопшти неговата сопруга, тимот ќе добие казна за настап во НФЛ лигата.

Последниците од потрес на мозок по здравјето на спортистите се честа тема во научните и спортските кругови во САД, па по тоа прашање се посветува посебно внимание. Сепак, Брејди е едно од најголемите имиња во историјата на НФЛ лигата, додека Њу Орлеанс е екипа која честопати се наоѓа на удар од организаторите на лигата, и тоа за многу сериозни работи, како "шпионирање" на противниците, па се до недозволеното испумпување на топката пред мечевите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари