ЈУВЕНТУС ЌЕ ПАЗАРУВА ВО ЛОНДОН

Жиру опција за нападот

Интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Монпеље покажаа и раководните лица на Олимпик од Марсеј и на Евертон

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Оливие Жиру, е најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Големата желба на челниците на "старата дама" може да стане релност веќе за време на зимскиот преоден рок, но официјалната понуда за искусниот напаѓач не смее да биде помала од 20 мил. евра.

Интерес за услугите на поранешниот напаѓач на Монпеље покажаа и раководните лица на Олимпик од Марсеј и на Евертон.

Поврзани

Најнови вести

Коментари