Жестока тепачка на Мурињо во соблекувалната на Сити

Битката што фудбалерите на Манчестер јунајтед и на Манчестер сити ја водеа на теренот се пренела и во тунелот пред соблекувалните на „Олд трафорд", пренесуваат англиските медиуми.

Како што јавуваат „Дејли мејл" и „Сан", таа била иницирана од Жозе Мурињо, кој влегол во конфликт со фудбалерите на Манчестер сити поради нивната „гласна прослава" на победата. Португалецот се нашол најблизу до голманот Едерсон и почнал да го критикува неговото „тактичко задржување на времето", по што добил одговор и од бразилскиот чувар на мрежата, но и од останатите фудбалери на Сити.

Во целата мешаница се вмешале и неколку фудбалери на Манчестер јунајтед, а според таблоидот „Сан" во главна улога бил Ромелу Лукаку, видно исфрустриран од своето очајно издание и двете „асистенции" при головите на Сити. Мурињо во мешаницата бил удрен со пластично шише во пределот на главата, а најлошо минал помошниот тренер на Манчестер сити, Микел Артета, кој со раскрвавена глава се вратил назад во соблекувалната.

Останува да се види дали и колку овој сериозен инцидент бил забележал од официјалните лица, бидејќи ако е влезен во записникот од натпреварот сигурно ќе следат и суспензии за вмешаните

Поврзани

Најнови вести

Коментари