РОБЕРТО МАНЧИНИ

Зенит не потценува, но најавува победа против Вардар

Но, сите наши фудбалери кои се во Скопје се подготвени за надигрување. Во Скопје секако дојдовме со желба за три бода, изјави Манчини

Експедицијата на рускиот гигант Зенит пристигна во Скопје, а трофејниот италијански стручњак, Роберто Манчини, на официјалната прес-конференција, потенцираше дека неговиот тим има само една опција на располагање, а таа е освојување на сите три бода.

Знаеме дека ќе биде тежок натпревар против мотивиран противник. Добро го анализиравме Вардар, кој има добра искусна одбрана и секогаш игра на контранапади... И, тоа добро. Но, сите наши фудбалери кои се во Скопје се подготвени за надигрување. Во Скопје секако дојдовме со желба за три бода, изјави Манчини.

Слично размислува и дефанзивниот играч за врска, Александар Јерохин.

Никако не сакаме да го потцениме Вардар. Добро е познато какви тешки натпревари имаше ова лето во Европа, а му даде и четири гола на Фенербахче. Тоа доволно кажува за утрешниот наш противник, изјави Јерохин.

ФОТО: Д.Митрески

Поврзани

Најнови вести

Коментари