Шпанецот добро знае од каде доаѓа опасноста

Зборовите на Надал за Ѓоковиќ ги кренаа на нозе Србите

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, на импресивен начин се закити со титулата на последниот грен слем турнир САД Опен. Ова беше негова 16. грен слем титула со што го продолжи ловот на Швајцарецот Роже Федерер, кој во кариерата има осовено 19. грен слем титули.

Шпанецот и Швајцарецот сезонава ги осовија сите четири грен слем титули (Надал го подигна пехарот на Ролан Гарос и САД Опен, а Федерер триумфираше на Австралија опен и Вимблдон). Но, Рафа смета дека има уште еден тенисер кој следната сезона може да им ги помати сметките.

-Се зборува за мене и за Роже Федерер, но тука има уште еден тенисер – Новак Ѓоковиќ. Не заборавајте и тој има осовено 12 грен слем титули и сигурно е дека ќе биде во конкуренција за уште титули од големите турнири кога ќе се врати, изјави Надал и додаде:

-Никој не одиграл толку многу меѓусебни дуели како Новак, Роже и јас. Се натпреваруваме долги години на најголемите турнири. Тоа е неверојатно, зар не? Среќен сум и уживам во тоа што сум дел од двете најголеми ривалства во тенисот. Живееме во ера во која некои играчи направија неверојатна работа за спортот. Имаме таков дух постојано да сакаме да напредуваме. Не е лесно да се пронајдат играчи од иста генерација кои го остварија она што го напавивме ние. Нејаверојатно не ни сонувавме дека ќе бидеме толку многу успешни.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари