Новак Ѓоковиќ отвора ресторан за бездомници

Заработил доволно за да ја нахрани цела Србија!

Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслу'уваат вакво нешто, бидејќи секогаш ме поддр'уваа кога ми беше најтешко, се вели во соопштението на српскиот тенисер

Поранешниот светски тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, уште еднаш пока'а дека е многу повеќе од само врвен спортист. Тој планира да отвори ресторан за бездомници во Србија, се вели во соопштението на неговата прес-слу'ба.

- Парите не ми се проблем, заработив доволно за да ја нахранам цела Србија. Мислам дека тие заслу'уваат вакво нешто, бидејќи секогаш ме поддр'уваа кога ми беше најтешко, се вели во соопштението на Ѓоковиќ.

Новак веќе има два ресторани, еден во Белград и еден во Монте Карл, а повеќе пати изјавуваше дека не сака да се занимава со угостителства, туку да готви.

Србинот моментно е на принуден одмор поради повреда на лактот. Тој мораше предвреме да ја заврши сезоната, но најави дека ќе се врати многу посилен на почетокот од наредната сезона.
Но, иако сезонава не му одеше најдобро на тениските терени каде што беше елиминиран во раната фаза на секој турнир, во приватниот 'ивот му се случија убави работи. Имено, тој по втор пат стана татко, откако неговата сопруга Јелена му подари ќерка. Неговото прво дете е момче од три години и се вика Стефан.

Новак во својата кариера има освоено дванаесет грен-слем титули, а неговата хуманитарна работа е позната во целиот свет. Тој има своја хуманитарна организација и често организира големи приеми на кои присуствуваат големи холивудски ѕвезди и донираат пари кои потоа се трошат за помош на болни деца низ светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари