За помалку од 24 часа продадени 160.000 влезници за СП во Русија!

Бившиот англиски напаѓач Гери Линек и руската новинарка Марија Командна ќе го водат жребувањето на групите за Светко првенство 2018

 Скоро 160 илјади влезници за Светското првенство 2018 година продадени се првиот ден.

Ова е објавено на официјалната интернет-страна на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

За само 24 часа продадени се 159,402 карти, што е 98 отсто моментално достапна квота за карти.
Втор период од првата фаза продажба на карти за утакмици за Светско првенство 2018, ќе трае до 28 ноември.

Порано е објавено дека бившиот англиски напаѓач Гери Линек и руската новинарка Марија Командна ќе го водат жребувањето на групите за Светко првенство 2018 година кое ќе се одржи во Русија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари