ПОТРЕСНОТО ПИСМО НА ДЕВОЈКАТА КОЈА БЕШЕ СИЛУВАНА ОД ПОРТУГАЛЕЦОТ

Врискав и го молев Роналдо да не ме силува!

Иако ја прифати паричната понуда и обврската да молчи, една година откако се случил сексуалниот напад, девојката се покаја и призна дека и е криво што ги земала парите

Неколку дена откако беше пласирана сензационалната информација дека најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, силувал една девојка, а потоа за да молчи и платил 375.000 долари, фудбалските медиуми ги открија сите детали околу сексуалниот напад, како и потресното писмо кое жртвата го има напишано и испратено до португалскиот интернационалец, една година подоцна, откако се случи тој немил настан.

Девојката која била силувана од ѕвездата на актуелниот светски и европски клупски шампион, го потпиша понудениот докумет, според кој доби 375.000 долари, но кој ја обврзува да не поднесува никаква тужба и дека треба да молчи. Сепак, жртвата инситираше, преку писмо, лично да му се обрати на португалскиот интернационалец.

Роналдо ја запознал девојката на една забава во Лас Вегас, а после забавата ја поканил девојката и нејзината пријателка во својата хотелска соба.

Ми скокна отпозади, а имаше бела бројаница околу вратот. Упорно врискав "не, не, не!". Те молев, те преколнував да прекинеш, никогаш во животот не сум била така уплашена, пишува жртвата во потресното писмо и додава: "Сакам на светот да му кажам кој си ти во реалноста".

Иако ја прифати паричната понуда и обврската да молчи, една година откако се случил сексуалниот напад, девојката се покаја и призна дека и е криво што ги земала парите.

Не ми е дојдено до тие пари, сакам правда, но нема правда во овој случај. Јас повеќе не сум истата лисност каква што бев пред тоа да ми се случи. Денеска би ја повлекла таа одлука, помина една годна откако бев силувана. Се надевам дека научи нешто од својата грешка! Никогаш повеќе да не го земеш животот на некоја жена, како што го зеде мојот живот, заклучи жртвата во своето емотивно писмо кое е наменето за најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо.

Поврзани

Најнови вести

Коментари