ЕВЕРТОН НЕ ЗНАЕ ЗА ДОСТА

Волкот следен на списокот

Освен "карамелите", интерес за услугите на крилниот напаѓач покажаа и раководните лица на Ливерпул

Откако ги осигура услугите на Вејн Руни, менаџерот на Евертон, Роналд Куман, своето внимание го насочи кон крилниот напаѓач од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Тео Волкот.

Трофејниот холандски стручњак е убеден дека се потребни околу 30 мил. фунти за да се осигураат услугите на репрезентативецот на Англија кој веќе не крие дека не е задоволен од минутажата која ја има на "Емирати".

Освен "карамелите", интерес за услугите на крилниот напаѓач покажаа и раководните лица на Ливерпул.

Поврзани

Најнови вести

Коментари