Премногу плаче

Внуката на Јосип Броз Тито го исплука Марин Чилиќ

Хрватскиот тенисер, Марин Чилиќ, премногу лесно и без борба загуби во финалето на грен слем турнирот Вимблдон, откако во борбата за титулата беше поразен од Швајцарецот Роже Федерер со 6:3, 6:1, 6:4, а делумно оправдување најде во плускавците кои ги имал на стапалата

Чилиќ во еден момент дури и заплака, а тоа не и се допадна на внуката на Јосуп Брос Тито, Саша Брос, која на Чилиќ му замерува поради кукавичкиот однос во финалниот натпревар.

Вака изгледа стапалото на балерина. Не било кое, туку речиси секои!!! Цела кариера молчат и ја трпат болката, притоа не покажуваат фотографии од повредата се со цел да им се "опрости" за успехот или поразот!! Драги пријатели, ова го знам од прва рака, односно нога. Толку од три и пол плускавци кои нас не чешкаат за нос од Вимблдон!!!, напиша внуката на Тито на социјалната мрежа "Твитер".

Поврзани

Најнови вести

Коментари