Вилијамс и Клиперси го растурија шампионот (Видео)

ЛА Клиперс во Оукланд забележаа победа над Голден Стејт Вориорс 125:106 со што ја прекинаа серијата од пет победи во која се наоѓаа играчите на актуелниот шампион.

По израмнетата игра во првото полувреме, Голде Стејт успеа да се одлепи на разлика од девет поени, но во средишницата на третиот период Клиперси ја стигнаа и престигнаа предноста на домаќинот, која само ја зголемија во последниот квартал во кој на Голден Стејт му дозволија да постигне скромни 16 поени.

Лу Вилијамс беше клучниот играч на Клиперси, тој постигна рекордни во кариерата 50 поени (27 во третиот период), на кои придодаде 2 скока и 7 асистенции. Центарот Деандре Џордан забележа двоен ефект од 10 поени и 12 скока, а Тајрон Волас постигна 22 поени.

Голден Стејт го предводеше Кевин Дурент со рекордни сезонава 40 поени, а само уште Заза Пачулија (12 поени), постигна двоцифрен број на поени во редовите на актуелниот шампион.

Блескава вечер имаше и Финецот Лаури Марканен кој го предводеше Чикаго до победата во Њујорк 122:119.

Марканен натпреварот го заврши со 33 поени и 10 скока, со што го поништи трипл-дабл учинокот (16 поени, 10 скока, 10 асистенции) кој на спортивната страна го оствари Џарет Џек.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Далас Маверикс 111:115
Индијана Пејсерс-Мајами Хит 106:114
Вашингтон Визардс-Јута Џез 104:107
Бруклин Нетс-Детроит Пистонс 80:114
Хјустон Рокетс-Портланд Трејлблејзерс 121:112
Мемфис Гризлис-Њу Орлеанс Пеликанс 105:102
Милвоки Бакс-Орландо Меџик 110:103
Минесота Тимбервулвс-Оклахома Тандер 104:88
Денвер Нагетс-Атланта Хокс 97:110

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари